Трансакциска анализа (ТА) според Ерик Берн
Трансакциската анализа е психотерапевтски пристап развиен од психијатарот Ерик Берн, кој помага во разбирањето на начинот на кој луѓето комуницираат, градат односи и ги носат своите животни одлуки. Според ТА, секоја личност функционира преку три его-состојби: Родител, Возрасен и Дете. Разбирањето на овие состојби овозможува подобра самосвест и поквалитетна комуникација со другите.
Трансакциската анализа им помага на луѓето да ги препознаат несвесните животни обрасци и уверувања кои ги формирале во детството и кои влијаат врз нивното однесување во сегашноста.
За што се препорачува ТА?
Трансакциската анализа е особено корисна при:
личен развој и самоспознавање;
ниска самодоверба;
конфликти во комуникацијата
поставување лични граници;
подобрување на професионалната комуникација;
работа со животни сценарија и повторувачки модели на однесување.
ТА нуди јасен и практичен увид во начинот на кој функционираме во односите, помагајќи ни да изградиме поавтентични, поздрави и послободни начини на комуникација и живеење.