Семејни констелации
Семејните констелации се системски метод развиен од германскиот терапевт Берт Хелингер, кој овозможува подобро разбирање на влијанието што семејниот систем и меѓугенерациските искуства го имаат врз нашиот живот денес. Системската работа покажува како начинот на живот (судбината) на предците влијае врз животот на оние што доаѓаат по нив.
Според Хелингер, констелациите работат на ниво на душата и се многу подлабоки од рационалното согледување на нештата.
Преку овој пристап стануваат видливи несвесни обрасци, емоционални товари и семејни динамики кои влијаат врз нашите односи, избори и животни предизвици. Методот нуди можност за поголема јасност, разбирање и личен развој.
Каде може да помогнат — теми кои може да се разгледаат
➙ Партнерски и брачни релации
➙ Релации меѓу родители и деца
➙ Тешкотии во комуникацијата
➙ Повторувачки животни ситуации и обрасци
➙ Здравствени предизвици и болести
➙ Професионален развој, кариера и финансии
➙ Донесување важни одлуки и животни избори
Што можете да добиете?
✔ Подлабоко разбирање на себе
✔ Препознавање на ограничувачки уверувања и обрасци
✔ Подобрување на семејните и партнерските односи
✔ Поголема јасност при донесување одлуки
✔ Чувство на внатрешен мир и стабилност
✔ Подобро разбирање на сопственото место во животот
Начини на учество
Присуствувате на процесот и ги следите констелациите на другите учесници. Често и самото набљудување носи важни сознанија и лични увиди.
Учествувате во констелација на друг учесник преку преземање одредена улога. Улогите во кои учествувате на некој начин се поврзани со вас, па на тој начин решавате нешто за себе и ги дознавате можностите на самиот метод.
Со помош на овој метод може да ја разрешите вашата тема, а може и да ви покаже што ве спречува таа да се разреши во моментов.
Важно
Семејните констелации се метод за личен увид и развој и не претставуваат замена за психолошки, психотерапевтски или психијатриски третман кога таков е потребен.
Доколку сакате подлабоко да ги разберете причините на одредени животни предизвици и да стекнете нова перспектива за нив, ве поканувам на индивидуална или групна работа со семејни констелации.