Запознајте ме
_________
Запознајте ме
_________
Весна Стоименов
Лиценциран Психолог
Магистер по клиничка психологија
Весна Стоименов е лиценциран психолог и магистер по клиничка психологија, со завршени студии по психологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистерски студии по клиничка психологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Во текот на својата кариера континуирано се усовршува во повеќе психотерапевтски модалитети, меѓу кои Трансакциска анализа, Когнитивно-бихејвиорална психотерапија, Дијадна развојна психотерапија, Семејна терапија, работа со траума и Системски семејни констелации.
Со повеќе од 15 години професионално искуство во областа на менталното здравје, психолошкото советување и психотерапијата, работи со деца, адолесценти, возрасни и семејства, обезбедувајќи стручна поддршка индивидуално и во група.
Верува дека секој човек има во себе капацитет за промена, раст и исцелување.