Когнитив бихевиор психотерапија (КБТ)
Когнитивно бихевиоралната терапија (КБТ) е научно заснован психотерапевтски пристап кој се фокусира на поврзаноста помеѓу мислите, емоциите и однесувањето. Основната претпоставка на КБТ е дека начинот на кој размислуваме влијае врз тоа како се чувствуваме и како постапуваме. Преку терапевтскиот процес клиентот учи да ги препознае и промени негативните или нефункционални мисловни обрасци, како и да развие поздрави начини на справување со животните предизвици.
Когнитивно бихевиоралната терапија се препорачува при:
➺ анксиозност и панични напади;
➺ депресија;
➺ стрес и емоционално преоптоварување;
➺ ниска самодоверба;
➺ опсесивно-компулсивно растројство (ОКР);
➺ социјална анксиозност;
➺ траума и посттрауматски стрес;
➺ проблеми во регулирање на емоциите;
➺ нарушувања во спиењето.
КБТ е ориентирана кон конкретни цели и обезбедува практични стратегии кои им помагаат на клиентите да постигнат трајни промени во секојдневниот живот.