Настани
Настани
Работилница со примена на методот семејни констелации според Берт Хелингер ќе се одржи на 15 ноември 2026г., од 10:00 до 15:00 часот, во Младински Културен Центар.
На оваа работилница ќе имаме можност низ практични вежби и лично искуство да истражуваме каде се наоѓаме во сопствениот животен пат, кои се ресурсите и предизвиците со кои се соочуваме и како тие влијаат врз нашите односи и животни избори.
Работилница со примена на методот семејни констелации според Берт Хелингер ќе се одржи на 15 ноември 2026г., од 10:00 до 15:00 часот, во Младински Културен Центар.
На оваа работилница ќе имаме можност низ практични вежби и лично искуство да истражуваме каде се наоѓаме во сопствениот животен пат, кои се ресурсите и предизвиците со кои се соочуваме и како тие влијаат врз нашите односи и животни избори.
Посебен фокус ќе биде ставен на темата „Живот и смрт“, како универзална човечка тема која често носи длабоки емоции, прашања и лични сознанија. Преку пристапот на семејните констелации ќе создадеме простор за истражување, разбирање и нови перспективи.
Работилницата е наменета за сите кои сакаат подобро да се поврзат со себе, да добијат поголема јасност во својот живот и да работат на личен развој во безбедна и поддржувачка атмосфера.
Поставување на лична тема, констелација е 2000 денари. Доколку сакате да учествувате само како претставник или набљудувач е 1000 ден.
Бројот на учесници на работилницата е ограничен, потребно е претходно да се пријавите.
Ви посакувам се најдобро
Весна Стоименов
078 636 948
Почитувани,
Ве поканувам на длабок процес за личен развој, лекување на траумите од детството кој е со фокус внатрешното дете и го опфаќа периодот од детството од самото раѓање до 12 годишна возраст. Ќе се реализира од 26.05 до 30.05.2027год. во Берово, ќе работиме со примена на светски познатиот процес на Праимал терапија (Primal therapy) од Артур Јанов.
Програмата ќе ја води: Елица Великова психолог, психотерапевт, професор на факултет и основач на Институтот за арт и терапија од Софија, со 20 годишно меѓународно искуство.
Со нејзината работа може да се запознаете на https://www.artstherapyinstitute.bg/
Лековитоста на процесот не е само во разбирањето на тоа што сме доживеале во минатото, туку во создавањето нова врска меѓу нас како возрасни и детето во нас. Врска во која почнуваме да си даваме она што можеби недостигало – грижа, нежност, прифаќање, сигурност и љубов. Така, чекор по чекор, учиме да не ја бараме љубовта однадвор, туку да ја негуваме однатре.
Во овој процес се ослободуваме од старите компромиси, одлуки и „договори“ што несвесно сме ги направиле како деца за да преживееме, улоги и обрасци кои и денес ги живееме, иако веќе не не штитат. Токму тие често не спречуваат да живееме автентично и повторно ги саботираат нашите односи, избори и интегритет.
За кого е овoj процес?
За сите што:
се уморни од постојано „држење под контрола“
се чувствувате осамено
чувствуваат анксиозност, напнатост или празнина
имаат намалена самодоверба и помалку се вреднуваат самите себе
сакаат подлабоки и поздрави односи
сакаат да бидат подобри родители, партнери, професионалци
чувствуваат дека е време за вистинска внатрешна промена
Важно ми е да знаете дека секој работи сам за себе, во свој ритам. Нема споделување на лични информации, процесот е доверлив, безбеден и со длабока почит кон личното искуство на секого.
Ќе користиме различни методи за поддршка на процесот, ќе работиме на три нивоа : телесно, емоционално и ментално. Пристапот ги интегрира Праимал терапијата, Гешталт практики, телесна работа, активни медитации, движење и креативни методи.
Семинарот ќе се реализира со превод на македонски јазик.
Ако во тебе се појавува чувство на „да, ова е за мене“, те поканувам да си го следиш тој глас. Ќе ми биде чест да го споделиме овој простор.
Програма:
•8.00 – 9.00 Утринска активна медитација
•9.00 – 10.30 Појадок
•10.30 – 13.30 Активности (со пауза)
•13.30 – 14.30 Ручек по желба* (не е вклучен во цената)
•14.30 – 17.30 Активности (со пауза)
•17.30 – 18.30 Активна медитација
•19:00 – 20.00 Вечера
•20.00 – 21.30 Вечерна сесија
Партиципација за учество:
360 евра или 22 320 денари (вклучува обука и материјали) за рана пријава
до 28 декември 2026г.
400 евра или 24 800 денари за пријава до 28 март 2027год.
За парови се следниве цени
330 евра или 20 460 ден за рана пријава до 28 декември 2026г.
360 евра или 22320 ден. за пријава до 28 март 2027год.
Цената вклучува обука и материјали
Вашето место за семинарот се резервира САМО со уплата на депозит од 50%
Бројот на учесници е ограничен.
Цената за сместување хотел е посебно!
Место на одржување:
АУРОРА РЕСОРТ И СПА, Берово
Цени за сместување (вкл. појадок и вечера):
• Единечна соба: 5 890ден./ноќевање 95 евра | 23 560ден. Вкупно 380 евра
• Двојна соба (по лице): 4 309 ден../ноќевање 70 евра | 17 236ден. Вкупно 280 евра
Имајте предвид: Организаторот не презема обврска за организацијата на ноќевањата.
Резервации:
Резервациите се прават самостојно и директно со хотелот на следните телефон или емаил со следиов код # 027887.
00389(0)78/421-498 и booking@auroraresort.mk
Доколку сакате да споделите двојна соба, ќе бидете комбинирани со друг учесник кој го навел истото барање.
Програмата е соодветна за лица кои се посветени на личниот развој, како и за професионалци во психологија, терапија, коучинг и сродни области кои сакаат да ја продлабочат својата пракса.
За регистрација и дополнителни информации обратете се на:
https://forms.gle/LhbKmZsusHPUtozs8
semejnikonstelacii@gmail.com
Тел. +389 78 636 948
Весна Стоименов