Прашања кои може да ви помогнат за поставување на лична тема по методот семејни констелации
Овој прашалник ќе ви помогне да соберете информации, кои се важни за работата со методот семејни констелации. Важни се фактите и настаните кои се случиле на членовите на вашето семејството, не личноста на луѓето.
Прашањата се значајни за фамилијата на вашата мајка и за вашиот татко. Во сегашното семејство прашањата се однесуваат на вас, вашите деца евентуално други бремености и понекогаш за претходни ваши партнери.
Дали некој од вашето семејство загубил родител како дете/млад?
Починал помлад од 30 год?
Емигрирал од/во друга држава, која е причината за тоа?
Е дете на разведени родители во детството?
Некој од родителите постојано отсуствувал?
Дете кое е оставено, дадено за одгледување во друго семејство или по роднини?
Посвоено дете?
Дал дете за посвојување?
Бил пораснат во дом за деца без родителска грижа?
Има полубрат или полусестра кои пораснале во дом или пораснати во друго семејство?
Во семејството има жена која починала при раѓање? Или се стекнала со здравствени проблеми кои следеле од раѓањето на детето ( ваша мајка, баба, прабаба или поранешна жена на татко ви или ан дедо ви?
Имала тешкотии при породување, вклучително и раѓање со опасност за живот на мајката или детето?
Бил одделен од мајката на многу мала возраст (пример престојувал во болница)?
Преживеал силен трауматски настан за време на детството?
Се самоубил?
Имал обид за самоубиство?
Бил убиен намерно или случајно?
Убил некого намерно?
Работел како војник, учествувал во војна , загинал во воени дејствија?
Преживеал тежок политички прогон?
Направил прекршок?
Бил лишен од слобода во затвор?
Бил во логор?
Преживеал или загинал во логор или геноцид во минатото?
Исчезнал?
Се збогатил на сметка на друг?
Доживеал неправда, тешко оштетен?
Бил отфрлен, заборавен, третиран со презир?
Извршил сексуално насилство?
Претрпел сексуално насилство?
Станал свештеник или се замонашил?
Бил омаловажуван бидејќи не се омажил /оженил?
Бил/ а зависник од алкохол, дрога , коцка?
Имал лечителни знаења ( баел) и ги применувал?
Имал тешко заболување?
Имал физичка, умствена инвалидност, психијатриско заболување?
Има мртво родено дете?
Има абортуси?
Има вонбрачно дете?
Има бивша сопруг/а или голема љубов во животот? Паралелни врски?
Е дете на родители од различни националности?
Прашањата ќе ви помогнат да се подготвите за констелацијата, не се поставуваат сите прашања наеднаш. Важно е да знаете и да може да зборуваме за семејната историја.