Primal терапијата е длабински психотерапевтски пристап развиен од Артур Јанов во 70те години на минатиот век. Таа претставува процес на истражување, ослободување и трансформација на потиснатите емоции и раните животни искуства кои несвесно влијаат врз нашиот сегашен живот, односи и избори.
Овој пристап им помага на луѓето да воспостават контакт со своите најдлабоки чувства, да ги разберат корените на своите предизвици и да создадат простор за поголема автентичност, емоционална слобода и личен раст.
Што претставува процесот?
Во текот на терапевтскиот процес се истражуваат искуствата од најраните периоди на животот од 0 до 12год., со цел да се препознаат моделите, уверувањата и стратегиите за преживување кои сме ги развиле за да се прилагодиме на семејната и социјалната средина.
Во Primal терапијата посебно внимание се посветува на работата со „внатрешното дете“ - делот од нас кој ги носи нашите најрани сеќавања, емоционални рани, стравови и незадоволени потреби. Истовремено, токму таму се наоѓаат и нашите природни таленти, спонтаност, креативност, виталност и потенцијал за развој.
Кога воспоставуваме здрава врска со овој дел од себе, постепено учиме да си ги дадеме поддршката, сигурноста и љубовта што можеби ни недостасувале во минатото.
Што добивате преку овој процес?
Ослободување од старите емоционални товари.
Подлабоко разбирање на сопствените животни модели.
Намалување на самосаботирачките однесувања.
Подобрување на односот кон себе и кон другите.
Зајакнување на личните граници.
Намалување на зависноста од туѓите мислења и очекувања.
Поголема самодоверба и внатрешна стабилност.
Разбудување на креативноста, радоста и виталноста.
Поголема автентичност во сите животни области.
Како се работи?
Може да се работи иднивидуално. Терапијата се одвива во 11 структурирани сесии.
Или во група, преку организирана практична работа во траење од 5 дена.
Групните работилници ги води Елица Великова – психолог и терапевт со долгогодишно искуство од Софија, Бугарија. Секој учесник работи на сопствените лични теми во безбедна и доверлива атмосфера.
Овој пристап е соодветен за лица кои:
Сакаат подобро да се запознаат себеси.
Се соочуваат со анксиозност, емоционален стрес или незадоволство.
Имаат потешкотии во односите со партнерот, семејството или околината.
Чувствуваат дека постојано ги повторуваат истите животни обрасци.
Сакаат да развијат подлабока поврзаност со себе и својот потенцијал.
Работат во области поврзани со помагање на луѓе и личен развој.
Primal терапијата не е само враќање во минатото. Таа е процес на создавање нов однос кон себеси во сегашноста. Кога ги разбираме и прифаќаме нашите најдлабоки чувства, добиваме можност свесно да избираме како ќе живееме, сакаме и се поврзуваме со светот околу нас.
„Исцелувањето започнува кога ќе си дозволиме да го слушнеме она што долго време било потиснато во нас.“