М-р Весна Стоименов
Психотерапија • Самоспознавање • Личен раст
М-р Весна Стоименов
Психотерапија • Самоспознавање • Личен раст
"Патот кон промената започнува со разбирање на себеси."
Простор за разбирање, прифаќање и личен раст. Заедно можеме да направиме чекор кон подобро ментално и емоционално здравје.
Психотерапија
✦ Индивидуална ✦ Групна терапија
Primal терапијата е длабински психотерапевтски пристап развиен од Артур Јанов во 70те години на минатиот век. Таа претставува процес на истражување, ослободување и трансформација на потиснатите емоции и раните животни искуства кои несвесно влијаат врз нашиот сегашен живот, односи и избори.
Семејните констелации се системски метод развиен од германскиот терапевт Берт Хелингер, кој овозможува подобро разбирање на влијанието што семејниот систем и меѓугенерациските искуства го имаат врз нашиот живот денес. Системската работа покажува како начинот на живот (судбината) на предците влијае врз животот на оние што доаѓаат по нив.
КБТ е ориентирана кон конкретни цели и обезбедува практични стратегии кои им помагаат на клиентите да постигнат трајни промени во секојдневниот живот.
Трансакциската анализа им помага на луѓето да ги препознаат несвесните животни обрасци и уверувања кои ги формирале во детството и кои влијаат врз нивното однесување во сегашноста.
“Feeling is the antithesis of pain... the more pain one feels, the less pain one suffers.”
____ Arthur Janov